АНГЕЛОВСКА: ОБЈАВЕНИ СЕ СПИСОЦИТЕ НА КОРИСНИЦИ НА ПЛАТЕЖНАТА КАРТИЧКА

Завршени се сите постапки и оваа недела започнува издавањето на платежната картичката, најави денеска министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Таа напомена дека се изготвени се списоците на корисници за картичката кои може да се видите на веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk.

-Картичките дел од банките ќе ги достават на домашна адреса, а дел ќе можат да се подигнат во експозитурите на банките. Издавањето на картичките ќе заврши заклучно 18 јуни.Ваква картичка ќе добијат над 324.000 граѓани, кои се поделени во четири групи. Целата мерка пак чини 28 милиони евра, изјави Ангеловска.

Translate »