AVON започнува потрага по новата урбана, оригинална и несекојдневна девојка. Дали си тоа токму ти?
Маскарата Big&Extreme Volume и парфемот Far Away Rebel: Новитети од AVON создадени за смелите и несекојдневни девојки!
Во пресрет на есента и новата сезона, козметичкиот гигант AVON лансира два нови производи кои ќе го променат начинот на кој гледате на маскарата, во комбинација со парфем кој во себе ги крие сите есенцијални мириси на смелите, несекојдневни девојки.
Маскарата Big&Extreme е нов член на семејството Big& од линијата mark, наменета за сите кои сакаат да експериментираат со својот изглед, да остават печат на својата индивидуалност и да летаат на крилјата на сопствената креативност. Создадена е на основа на нова и револуционерна Elastovolumeric™ формула која дава двојна издолженост и еластичност на трепките, споредено со традиционалните маскари кои содржат влакна за издолжување. Трепките се толку долги и волуменозни што ќе ве прашаат дали носите екстензии!
Покрај иновативната формула на маскарата, ефектот се постигнува и со Lash Extender четката, прва од ваков вид, наменета за издолжување на трепките, која досегнува и до малите и странични трепки и совршено ја бои секоја трепка од коренот до врвот. Оваа водоотпорна маскара е достапна во 4 различни нијанси, лесно се нанесува и отстранува, има мазна и креместа текстура и што е најважно, клинички е тестирана и погодна за чувствителни очи и за оние кои носат контактни леќи.
Густите и екстремно долги трепки создаваат драматични и впечатливи очи во текот на целиот ден, што им помага на жените да го разбудат чувството на самодоверба преку беспрекорниот и импресивен изглед.
Идеалното дополнување на впечатокот со смелите и долги трепки е исклучително возбудливата ориентално-цветна мирисна композиција, преточена во новиот парфем Far Аway Rebel, креиран специјално за т.н. генерација на Милениумци. Овој мирис е олицетворение на девојка или жена која се сака себеси и е горда на сопствените одлуки и постапки. Луѓето можеби ја нарекуваат бунтовник, но бунтовната природа е насочена во вербата, почитта и љубовта кон себе. Таа е нежна и чувствителна, но секогаш подготвена за храбри предизвици, слично на нежните цветни ноти на парфемот кои во одреден момент ќе вé изненадат со заводливиот мирис на карамелизираното чоколадо.
Токму со промоцијата на овие два возбудливи новитети, компанијата го најавува проектот #RebelGirl и во следните две недели ќе трага по несекојдневно, свежо лице на урбаната оригиналност и бунтовност во позитивна смисла на зборот. Големиот AVON предизвик, препознатлив по хаштагот #RebelGirl и #OvaSumJas ќе ја бара девојката, која преку необична и оригинална фотографија ќе ја долови својата автентична личност. Сите девојки кои сакаат да учествуваат во овој предизвик, покрај на социјалните мрежи, одблизу ќе може да се запознаат и да ги пробаат новитетите на некој од 9-те настани кои ќе се случат во следните 14 дена, а почнувајќи од 1-ви септември во Струмица, Битола, Штип, Охрид, Гостивар, Велес, Прилеп, Куманово и Скопје. Повеќе детали за возбудливата кампања, датумите и локациите на настаните се достапни на: http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/rebelchallenge.page
За Avon
AVON е компанија која над 130 години гордо се залага за убавина, иновации, оптимизам и над сè за жените. Производната палета на AVON ги содржи добро познатите и посакувани брендови како ANEW, Avon True, mark, Skin-So-Soft и Advance Techniques. Продаван преку скоро 6 милиони активни независни Претставници, производите на AVON ги воодушевуваат потрошувачите во скоро 70 земји во светот. Информирајте се повеќе за AVON и неговите производи на www.avoncompany.com