Како до правилна едукација на децата?
Секој родител сака неговото дете да има најдобро образование, а тоа не значи дека е задолжително да биде запишано во скапо училиште или да посетува фенси курсеви.
Би било идеално доколку сите училишта се еднакви, имаат квалитетен кадар и програма која е добро смислена за доброто на децата на секоја возраст.
Научник од полето на невропсихологијата и професор, зборува за тоа како може да се подобри образованието на децата, да се воведат новитети кои ќе бидат ефективни.
Всушност, некои правила кои се почитуваат кај нас и во други земји низ светот, не треба да бидат толку строги, бидејќи се постигнува негативен ефект.
Постојат толку многу работи кои може позитивно да влијаат на образованието и развојот на детето, а не се применуваат во училиштата, ниту пак од страна на родителите.
Советите од психологот ќе ве натераат да гледате од поинаков агол кон образованието на децата, како и на воспитувањето дома.
Светот ќе беше подобро место ако овие методи и совети се земаа во обѕир:
Колку порано човекот се посвети на музиката, толку е подобро
Децата кои се занимаваат со музика забележуваат повеќе мали работи, се концентрираат подобро, учат да разликуваат звуци и ја подобруваат меморијата, со што музичката активност е одлична за мозокот, па би било добро да се применува во училиштата.
Одморот е најдобар начин да се запомни информација
Научени сме дека предавањата и учењето се прави на биро, без никакви вознемирувања, а уште помалку одмор.
Но, всушност тоа не пречи во процесот на учење, туку помага, бидејќи најдобро се помнат нови информации, ако набрзина научат и заспијат.
Движењето помага при учењето, не го спречува
Не е важно дали седите на биро, на клупа, лежите во фотелја или во парк додека учите, бидејќи најважно е да ви е удобно.
Движењето помага во едукацијата, бидејќи телото полесно учи, со оглед на тоа што истражувањата покажале дека физичката активност ја подобрува меморијата и влијае позитивно на мозочната активност.
Вештините се поважни отколку нивото на IQ
Невозможно е да се запомнат сите информации со кои детето се соочува, но треба да знае како да учи, како да одржува внимание и концентрација, како да ја задржи меморијата и како да се одмори соодветно.
Талентот и вештините на децата се исклучително важни, а креативноста и комуникациските способности играат голема улога за нивната иднина, а не исклучиво високото ниво на интелигенција.
Децата треба да се пробуваат во различни области
Светот е интересен и различен, па на децата треба да им се дозволи да се видат во различни полиња и да учат на различен начин, за да се развијат како личности.
Умот треба да се ослободи од стереотипите и да имаат малку поголема слобода, а не слепо да ги следат строгите правила на наставниците и родителите. Дозволете им да се пронајдат онаму каде што припаѓаат. https://www.facebook.com/deksiko/
Не се плашете од грешки
Стравот на родителите за децата, како и константната контрола, ги спречува да се развијат во вистинска насока и да ги искористат сите можности за да успеат во животот и да бидат среќни.
Постојаната тензија и стравот да не се случи нешто, за децата е најлошо искуство.
Развивање на моторни способности
Во модерниот свет, многу активности се намалени и децата немаат можност правилно да се развијат.
За малите деца е неопходно да прават повеќе активности со рацете – да сечат со ножички, да прават фигури од пластелин, да си играат со прстите и да си ги врзуваат врвците.
Само така моторните способности ќе се развиваат, а тоа е неопходно, па затоа треба да се обрне повеќе внимание на тоа, наместо да им се стават телефони во рака или само книги за учење.
Не дозволувајте мозокот да стане мрзлив
Сите имаат различни способности, таленти и желби, но тоа не значи дека некои вродени способности гарантираат успех.
Ако не се вложи труд, ништо не може да се постигне, а мозокот ја намалува својата функција ако немате активност.
Исто како што мускулите атрофираат ако не се движите, така се случува со мозокот ако дозволите детето да не го употребува со некаква активност.
Момчињата и девојчињата треба да учат одвоено и во помали групи
На децата им е потребна поголема слобода и простор околу нив, треба некој да зборува со нив и да им се посветува, да одат на натпревари, да им се даваат поголеми задачи и да ги тераат да пишуваат и зборуваат на часовите.
Исто така, добро е децата да бидат во посвежа околина, бидејќи кога е топло, потешко се концентрираат на часовите.
За девојките, е поважно да работат во тим, да ја зајакнат комуникацијата и емоциите, како и да учат да преземаат ризици. Тие сакаат топлина и светли бои, па тоа би значело поразлична работна околина од на момчињата.
ak