Македонија ќе добие 100 милиони евра за мали и средни претпријатија
Договор со Европската инвестициска банка (ЕИБ) за користење на 100 милиони евра за мали и средни претпријатија ќе биде потпишан денеска меѓу Владата претставувана од Министерството за финансии, Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) и ЕИБ.
Фирмите од октомври ќе можат со проекти да аплицираат за 100 милиони евра евтини кредити од ЕИБ.
Пласманот на 100-те милиони евра од страна на МБПР ќе се врши преку домашните комерцијални банки.
Министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за МИА, истакна дека оваа кредитна линија ќе овоможи реалзација на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност во стопанството и зголемен извоз.
Предвидено е и откако претпријатијата ги вратат заемите од оваа кредитна линија, истите повторно да се пласираат како кредити во стопанството. Ова ќе придонесе за повеќекратна полза на малите и средни претпријатија од овие 100 милиони евра.