Првиот хотел „Меркур“ во Македонија отворен во Тетово

Орбис Хотел Груп го претстави најновиот хотелски бренд за првпат во Македонија

Синоќа во центарот на Тетово во присуство на високи државни функционери и амбасадори се отвори првиот хотел „Меркур“ во Македонија кој е интернационално познат бренд на AccorHotels Групацијата, светски лидер во областа на патувањето и лајфстајлот нудејќи единствено искуство во 4300 хотели и 100 земји во светот.

Хотелот е сместен во центарот на градот во модерна висококатница, со 13 спратови, во која се сместени вкупно 101 удобни и просторни соби. Комплексот има одлична локација, нуди врвна хотелиерска услуга, широка гастрономска понуда и неспоредливо гостопримство.

„Ни причинува осебно задоволство што вечерва можеме широко да ги отвориме портите на нашиот хотел и да започнеме една нова приказна од која сакаме сите вие да бидете дел. Луѓето кога патуваат, сакаат да ги задржат своите домашни навики. Нашите соби се дизајнирани да ги направат да се чувствуваат како дома од моментот кога ќе пристигнат, без разлика дали престојуваат неколку месеци или само неколку дена. Нашиот тим е на повик 24/7 и со задоволство ќе ги открие убавнините на овој дел од Македонија. Оваа инвестиција е една од најголемите во западна Македонија, ќе ги вложиме сите напори да ја оправдаме и да го промовираме и развиеме туризмот во овој дел од државата благодарејќи на Шар Планина и опкружувањето кое крие во себе неверојатни можности“, изјави Шефки Идризи, главниот инвеститор на комплексот и сопственик на хотелот Меркур во Тетово.

“Orbis Hotel Group, стратешки партнер на AccorHotels и единствен давател на лиценца за сите нејзини брендови во регионот, е водечки хотелски оператор во Источна Европа со 127 хотели. Со задоволство го прославуваме доаѓањето на најновиот меѓународен хотелски бренд во Македонија преку отворањето на „Меркур“ во Тетово во партнерство со Ренова ДОО, сопственик и инвеститор. Отворањето на најновиот хотел во Македонија ја потврдува нашата амбиција за понатамошно развивање на нашата мрежа на хотели во регионот претежно преку партнерства со силни и сигурни локални партнери”, рече Ирек Вегловски, заменик-претседател на Управниот одбор на „Орбис Хотел Груп”.

Покрај широкиот избор на стандардни и супериорни соби, делукс и семејни апартмани, хотелот поседува и 5 конференциски сали за состаноци опремени со најмодерна аудио-визуелна опрема и бесплатен интернет со капацитет за опслужување на 10 до 200 лица.

Една од предностите на хотелот е ресторанот „Малабана“ чија кујна нуди совршена комбинација на најдоброто од меѓународната и локалната гастрономска понуда, притоа користејќи исклучиво локални органски производи.

Имајќи ги предвид понудата и споменатите услуги, хотелот Меркур на македонскиот пазар самоуверено се претставува како најдобар избор за сместување, деловни активности и место за релаксација во Западна Македонија, па и пошироко.

Со „Меркур“, AccorHotels нуди хотели кои се различни и локално инспирирани. „Меркур“ е единствениот туристички бренд кој ги комбинира силата на меѓународната мрежа со цврста посветеност на квалитетот и топлото искуство на хотелите кои се вкоренети во нивната локална заедница. Хотелот „Меркур“ е управуван од ентузијастички хотелиери и добредојдени патници за бизнис и слободно време низ целиот свет, во над 750 имоти во 58 земји.

Translate »