Бекир Асани со навреди кон новинарот Насер Селмани
Асани во интервјуто за Мактел, објаснувајќи го инцидентот со “фамозниот пајак” вели дека никогаш не удрил и нема да удри жена, како и дека и се извинува на полицајката Јасмина Јаначкова за вербалниот напад кон неа, како и на јавноста за својата грешка.
Претседателот на огранокот на ДУИ за Чаир , Бекир Асани, во интервјуто упати и низа навреди кон претседателот на ЗНМ , Насер Селмани .
,,Без да се навредите вие, ги разбирам македонските новинари, но не можам да го разберам нашето копиле(Политико се смее). Ако сакал да разбере(Селмани) што се случува можел да не контактира. Неговата објава не беше убава. И јас имам фамилија и пријатели, и заради Насер Селмани ми се пцуеше фамилијата. За заканата што му ја упатил брат ми, јас разбрав последен. Имам порака за Селмани-ако е маж и знае да навреди, тогаш треба да прифати навреда. Ако имало закана од брат ми , не треба да се плаши. Јас сум тој што треба нешто, ако треба за заканите. Не е убаво наутро да е маж, а навечер да легнува како жена. Нека биде маж и нека не оди потоа да плаче по амбасадите. Ако било тоа , да сум прифатил навреда од Насер, нека биде тогаш фитбекот и кон него од мене“-изјави Бекир Асани.
„Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) ги осудуваи упатените закани кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија , Насер Селмани.