Заев: Убаво е да ги повикате пријателите, како што е САД на Македонија
САД ги поддржуваат Македонија и Грција да најдат решение за спорот за името и многу е важно двете држави да продолжат со преговорите, изјави американскиот помошник-државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.
„Пораката е дека САД ги поддржуваат Македонија и Грција да најдат заедничко прифатливо решение. Мислам дека Македонија презеде големи и значителни чекори и задоволни сме од напредокот што е постигнат“, рече Мичел.
Заев, пак, на прашањето дали очекува САД директно да се вмешаат во спорот, рече: „Спорот за името трае 25 години, тоа е тешко и мачно прашање и убаво е да ги повикате пријателите. Секој пријател е од помош, а особено стратешките пријатели, како што се САД на Македонија. Секако, ако биде потребно, очекувам помош во насока да ги охрабри двете страни“.Makfaks.mk