Заев: За туризмот поддршка со плати, поврат на туристичка такса и грантови за агенциите

Поддршка со плати за туристичките водичи, поврат на туристичка такса и грантови за туристичките агенции најави премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

„За туризмот како една од најпогодените гранки од кризата, во четвртиот пакет предвидени се следните економски мерки: Поддршка со плати за туристичките водичи – на 150 регистрирани туристички водичи за октомври, ноември и декември, ќе им биде исплатена минимална бруто плата во висина 21.776 денари, во вредност до 160.000 евра. Поврат на туристичката такса за 2019 година – на 4.740 субјекти кои организирале ноќевања во 2019 година, ќе им бидат вратени 2 милиони евра, колку што изнесува вкупниот износ на туристичката такса инкасирана во таа година. Грантови за туристички агенции – за 500 туристички агенции обезбедени се грантови во висина од 3.000 до 7.000, во вкупна вредност од 1,9 милиони евра, во зависност од бројот на вработени, од вкупниот промет во 2019 година и од тоа дали се носители на А или Б лиценца“, напиша Заев.

Translate »