Ерупција на вулкан кај Сицилија: Туристите бегале во црква за да се спасат
Вулканот Стромболи повторно еруптирал. Пред еден месец по ерупцијата загинал еден турист.
На италијанскиот остров Стромболи кај Сицилија дошло до нова ерупција на вулканот. На местото на ерупцијата се нашла група туристи, а тие по експлозијата се разбегале и нашле спас во црквата Сан Винченцо, пишува “El Mesagero”.
Според наводите од самото место, по експлозијата небото потемнело и настанал дожд од пепел. Туристите не биле повредени, но биле многу потресени. Информации за евентуални повредени засега нема.
На социјалните мрежи брзо се прошириле фотографии и снимки од ерупцијата. Објавена била и видео снимка на која се гледа како туристите бегаат од ерупцијата на вулканот.
Потсетуваме, до ерупцијата дошле и во јули оваа година и тогаш загинал еден турист.
Островот Стромболи во последните години станал одморалиште за богатите.