Корисни совети за овошјето
- Немојте да јадете зелени банани бидејќи можат да ви го отежнат варењето.
- Дињата е исклучително здрава и помага во алкализација на организмот, но на нејзината кора може да се развие салмонела, така што пред да ја исечете секогаш треба да ја измиете.
- Калинката е одличен извор на калиум, но нејзините семки можат да ви создадат проблеми при варењето.
- Кивито е богато со витаминот Ц, содржи многу малку пестициди, но од друга страна често предизвикува алергија поради што не се препорачува да се консунмира во големи количини, особено не кај децата.
- Греjпфрутот е одличен антиоксиданс, но може да го намали дејството на антидепресивите и лековите за холестерол и хипертензија.