Член на Судскиот совет бара на седница да се дискутира за новинар кој ги нарекол судиите џелати и криминалци

Владо Богдановски, член на Судскиот совет, бара Советот да дискутира на седница за дебатни телевизиски емисии и за новинарски написи во врска искажани квалификации и дезинформации според него, во врска со Советот.

Членовите на Судскиот совет ќе расправаат на седница или на колегиум по забелешките на Богдановски дека во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, новинар ги нарекол криминалци и џелати во судството.

Другата забелешка е по информацијата дека од Советот за факти и утврдување одговорност на судии, Судскиот совет презел над 100 претставки за разрешување.

„Не е точно дека над 100 судии се пред разрешување како што беше објавено во медиумите и барам и за овие новинарски написи и прилози Судскиот совет да расправа и да донесе став“, рече Богдановски.

Претставките се за утврдување на одговорност на судии. Ниеден од медиумите не тврдеше дека сите претставки ќе завршат со разрешување. sdk.mk

Translate »