Д-р Бабамова: како до здрави заби и покрај генетските предиспозиции!

Многумина би кажале дека здравјето на забите е генетски детерминирано. Но што ако со добра орална хигиена можеме да направиме и повеќе од она што е запишано во гените? Доколку сме правилно едуцирани и практикуваме здрав животен стил, нашите заби може да бидат здрави и негувани.
Здравјето на забите е во голем дел генетски детерминирано, посебно млечните заби чиј квалитет е 100% генетски предодреден, и се наследува од едниот од двата родители. Но што е со трајните заби и колкав е генетскиот влог во нивната структура? Кога станува збор за трајната дентиција, наследниот фактор учествува со некаде околу 50%. Што е со останатите 50%? Дали ова е делот на кој можеме и лично да влијаеме? Секако, да!

Какви се препораките на научната мисла?
Водејќи се според најновите научни сознанија, на овие 50% може да се влијае во голема мера. Животниот стил, начинот на исхрана, честите заболувања па и видот на антибиотици користен во некој од најзначајните периоди од развојот на трајната дентиција, состојбата на имунитетот и уште многу други фактори, влијаат на состојбата и здравјето на забите.


Токму поради овие сознанија, многумина веќе комплетно го променија својот животен стил користејќи исклучиво здрави намирници, избегнувајќи непотребно земање на антибиотици и др лекови и додатоци кои се фабрикувани, и се повеќе фокусирани кон користење на здрави органски производи. Тоа е особено важно кога станува збор за мајките во 3 и 4 месец од бременоста, кога впрочем и започнува создавањето на зачетоците на трајните заби. Ова е процес кој трае во текот на целиот интраутерин развој. Се што се случува на полето на здравје кај мајката, има директен импакт понатаму врз состојбата на трајните заби.


Исхраната секако е многу важна и кај децата кои треба да избегнуваат пиење течности со висока количина на шеќери, но истовремено треба да обрнат внимание на правилната нега на забите. Редовно четкање на забите, наутро и посебно навечер по оброк, по можност со квалитетни четки за заби со кварц, кои ефикасно ги отстрануваат забните наслаги и спречуваат создавање на кариес. Кварцот испушта негативни јони што делува антибактериски и го намалува создавањето на забните наслаги.


Следно е да практикувате посета на стоматолог на 6 месеци! Редовната посета на стоматолог овозможува да се одржат здрави непцата и забите. Навремено се лоцираат проблематичните зони и се решаваат во почетна фаза. Колку повеќе се чека за посета на стоматолог проблемите стануваат посериозни, за санација се потребни покомплицирани интервенции, а со тоа е поголем финансиски издаток.
Четкајте ги забите правилно наутро и навечер пред спиење. Користете Мизуха четка со меки влакна. Не чекајте да почне да ве боли заб, туку одете на редовна контрола на секои 6 месеци кај вашиот стоматолог.
Забниот кариес може да се спречи. Обезбедете услови детето да развие здрави животни навики и да ги зачува забите здрави. Обидете се да бидете добар пример!

Translate »