Спасувачките екипи успеале да извлечат четири деца од пештерата Там Луанг и веднаш биле транспортирани во болницата во Чианг Раи. Како што најави раководителот на акцијата, гувернерот на покраината Чианг Раи, Наронгсак Осотанакорн операцијата за извлекување на останатите ќе продолжи ноќеска по средноевропско време. Паузата е неопходна за да се подготват резервите со кислород, кој бил потрошен во спасувањето на првата група на деца. Како што и најавија, извлекувањето се одива етапно, прво група од четири деца, а потоа три групи од по три деца, со тренерто во последната.

Спасувачкиот тим откри како се одвивало спасувањето. Момчињата поминале обука за пливање и секое дете било придружувано од по двајца нуркачи кои со јажиња се движат низ тунелите на пештерата. Момчињата немаат класична нуркачка опрема туку маски за лице кои им се неопходни за го поминат делот под вода.

Најопасниот дел од патувањето што треба да го следат децата е тесниот премин на 1,7 километри од местото каде што се пронајдени децата. На тесните премини нуркачите ги вадат боците со кислород и ги тркалаат, па децата ниту во еден момент не се сами. Лидерот на мисијата за спасување објасни дека кога ќе помине оваа црна точка, децата ќе бидат помалку од еден километар од пештерата каде што спасувачките екипи формираа базен камп. Од таму ќе мора да помине уште два километри, но најопасниот дел ќе биде зад нив.

Денеска децата поминале под вода само еден километар, поради паднатото ниво на вода во пештерата, но неизвесно е дали истите услови ќе бидат и утре.

Акцијата за спасување на 12 деца и нивниот фудбалски тренер од пештерата во Тајланд утрово ја почнаа 18 хуркачи, кои во наредниов ден или два ќе треба да ги извадат децата надвор, ако не се случат непредвидливи работи.

Гувернерот на покраината Чианг Раи, Наронгсак Осотанакорн, кој е раководител на спасувачката акција, рече дека децата и тренерот се физички спремни и ментално решителни за извлекување од пештерата.
Според него, акцијата е почната затоа што нивото на водата во пештерата е оптимално, но дека акцијата може да трае и два до четири дена.

Спасувачите влегле во пештерата, а претходно на новинарските екипи и на останатите присутни им било кажано да ја напуштат околината. Во близина на пештерата останале само спасувачите, лекарите и обезбедувањето. Пристигнати се неколку амбулантни возила и хеликоптери за децата брзо да бидат пренесени во болница.

Акцијата ја спроведуваат 13 странски нуркачи и петмина припадници на тајландската армија „фоки“ кои би требало да ги извлечат децата надвор од пештерата. Секое дете ќе биде придружувано од по двајца нуркачи.

Децата ќе бидат извлекувани во групи од по четири и три деца. Двајца нуркачи ќе придружуваат по едно момче, а низ пештерата ќе ги влечат со јаже. Кога ќе наидат на тесен премин, нуркачите ќе ги отстрануваат боците со кислород од грбот и ќе ги истркалаат низ премините.

Акцијата почнала, иако, дел од родителите не дале согласност за истата, но како што рече Осотанакорн, тие сепак имале разбирање.

 Тајландската верзија на евентуалното решение  објавено од Елон Маск, кој рече дека можат да изградат еден вид мини подморница,  се тестира во близина на пештерата Там Луанг. Претходно оваа недела Маск рече дека една гумена цевка со воздушни резервоари може да послужи како ефикасно средство за извлекување од пештерата.

Она што е познато е дека досега било испупано поголемо количество на вода, па децата на одредени делници ќе можат да пешачат без да нуркаат. Инаку, на искусните нуркачи им се потребни 11 часа да стигнат од влезот на пештерата до децата и назад. Првото дете најрано би можело да излезе околу 21 часот по локално време.

Децата и тренерот се заробени во пештерата од 23 јуни.