5 придобивки од пешачењето

Секако, од поодамна ни се познати придобивките од пешачењето по општото здравјето и превенцијата, што секако е најзначајно, но во продолжение ќе наведеме 5 корисни ефекти од пешачењето, кои можеби и ќе ве изненадат:

1) Пешачењето го сузбива ефектот на гените кои се поврзуваат со зголемувањето на телесната тежина

Во една студија на Универзитетот Харвард од САД, истражувачите се занимавале со испитување на 32 гени кои се поврзуваат со промовирање на гојазноста, кај 12 илјади испитаници. Целта била да се утврди колкав е придонесот на овие гени во зголемувањето на телесната тежина.

Еден од добиените резултати, кој е значаен за денешната тема е импресивен. Имено, кај оние поединци кои практикувале брзо пешачење 1 час дневно, ефектите на споменатите гени биле преполовени.

2) Пешачењето може да делува на намалена желба за слатки

Неколку студии од Универзитетот Екстер утврдиле дека 15 минутно пешачење може значително да ја намали потребата и желбата за чоколадо, па дури и да влијае на количините чоколадо кои се јадат за време на стресни ситуации (емотивно јадење).

3) Го намалува ризикот од развој на рак на дојка

За истражувачите кои се занимваат со тематиката веќе е добро познато дека секој тип на физичка активност може значително да го намали ризикот од рак на дојката. Но, неодамна студија од една американска организација која се занимава со истражувања на ракот, дава дополнителни резултати во оваа насока.

Според неа, жените кои пешачеле 7 или повеќе часови неделно, имале за 14% намален ризик од развој на рак на дојка во однос на оние кои оделе 3 или помалку часови неделно.

Одењето исто така се покажало корисно дури и кај жените со зголемен ризик од рак на дојка, односно гојазните жени и оние кои користеле хормонска суплементација.


4) Ги олеснува болките во зглобовите

Неколку студии укажуваат дека пешачењето ја намалува болката која е поврзана со артртис и дека прошетките до 10 километри неделно, може да придонесе и во превенирањето воопшто да дојде до ова заболување.

Оваа лежерна физичка активност ги заштитува зглобовите и колковите, односно деловите кои се најподложни на остеоартритис. Заштитата се должи на подмачкувањето и зацврстувањето на мускулите (кои ги поддржуваат зглобовите и колковите) кое се одвива при пешачењето.

5) Може да придонесе за посилен имунитет!

Пешачењето може да помогне во заштитата на здравјето во сезоните на грип и настинки, а секако и во овој период на корона пандемија.

Имено, една студија правена на 1000 машки и женски возрасни испитаници, открива дека оние кои пешачеле најмалку 20 минути на ден, 5 дена во неделата имале дури за 43% помалку денови во кои биле болни, во однос на оние кои биле активни еднаш или ниеднаш во неделата. Ако пак активните испитанци се разболеле, односно се инфицирале, траењето на болеста било помало, а симптомите биле значително поблаги.

Translate »