Варуфакис се враќа во политика-најавува нова „Европска пролет”

Јанис Варуфакис, поранешниот министер за финансии на Грција, кој остави траен белег со своите критики против глобалните мерки за штедење, се враќа директно во политиката и тоа како кандидат за европратеник преку германските избори за еврозоната во мај следната година.

Варуфакис е кандидат на движењето „Демократија во Европа“ (ДиЕм25) кој тој го основаше во 2010 „за да ја демократизира Европа“.

Ве повикувам сите вас да ни се приклучите во овој паневропски поход за демократија во Европа, демократија во Германија како услов за напредок и вистинска демократија“, рече тој.

Моторџијата-академик-економист, кој стана славен во еврокризата, еднаш мерките на штедење што на Грција ѝ ги наметнаа кредиторите ги нарече „фискален вотербординг“.

Варуфакис остави траен белег во грција откако владеачката Сириза на Алексис Ципрас го постави за министер за финансии, но по шестмесечен отпор и критики кон глобализмот се повлече откако земјата подпадна под должничкиот притисок.

– Ја прифаќам номинацијата, бидејќи ја симболизира новата транснационална политика, од која имаме потреба во Европа”, изјави тој на прес-конференција во Берлин, каде што неговите колеги поставија банер со натпис „Европска пролет”.

 

Воена состојба во Украина, војската на готовс

Translate »