ВИДЕО: Будва, љубов која трае!

ВИДЕО: Будва бисерот на Јадранот. Место кое мора да го посетите!

Будва е бисер на Јадранот и центар на медитеранскиот туризам. “Будванската ривиера“ ги нуди 35-те најпознати плажи на Јадранот (Јаз, Плоче, Трстено, Могрен, Словенска плажа, Бечичи, Милочер, Св.Стефан…) кои во комбинација со интензивниот ноќен живот се главна каректеристика поради кои се доаѓа во оваа престолнина на Црногорскиот туризам.

Видео

Таа е место каде се вкрстени влијанијата на истокот и западот, хеленската и римската култура. Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвoра во отворен театар за сечиј вкус. Будва ќе Ве однесе и во незаборавно патување низ историјата: таа е една од најстарите населби на Јадранското море, стара повеќе од 2500 години. Сместена е на мало полуострово, заштитена со дел од црните Црногорски планини.

За поактивен ден на плажа, Будванската ривиера нуди широк спектар на активности како: нуркање, скијање на вода, истражување на бреговите со брод, прекрасна храна и многу повеќе.

Повеќе на https://budva.travel/

Translate »