Во Европа пристигна екстремен топлотен бран: Паднаа првите рекорди, а најлошото допрва доаѓа

Краткиот, но силен топлотен бран вчера ја зафати северозападна Европа, зголемувајќи го стравот од уште поголеми суши, а рекордната температура е измерена во францускиот Бордо – 41,2 Целзиусови степени.

Температурите во следните неколку дена ќе продолжат да растат во цела западна Европа, но веќе во петок ќе започнат да опаѓаат, предвидуваат метеоролозите. 

Властите на Париз воведоа трет од четиристепениот план на одбрана од екстремните температури кој предвидува отворање на “дворани за освежување” во јавните објекти и поставување на привремени јавни чешми и распрскувачи на влага како и низа мерки наменети за постарите граѓани, најголемите жртви на летните горештини кога во 2003 година, само во Франција, починаа речиси 15 илјади луѓе. 

Слични мерки се спроведуваат и во другите европски градови. Во Белгија, предупредувањето за “силните горештини” се однесуваат на сите делови на земјата освен брегот и на сила е до петок на полноќ. Се очекува температура поголема од историскиот рекорд – 38,8 Целзиусови степени, забележани на 27-ми јуни 1947 година.

Во западна Фландрија, гувернерот издал забрана за пушење цигари и палење оган на отворено поради опасност од пожар.

Во Германија, температурата би можела да се спушти до 41 Целзиусов степен во околината на Келн.

“Токсичната комбинација” од влага и полен би можела да биде многу опасна за 5,4 милиони луѓе во Велика Британија кои патат од астма.

Овој топлотен бран, втор за помалку од еден месец, го зголемува стравот кај граѓаните од екстремни суши во наредниот период.

Translate »