Две жени, длабоко пријателство и една страст, Ботаника: Вики Чадиковска и Сузана Блажевска
Некои пријателства започнуваат како обична, службена средба, а прераснуваат во врска што трае цел живот. Токму таква е приказната на Вики Чадиковска и нејзината долгогодишна пријателка Сузана Блажевска — две жени чија топлина, енергија и професионалност оставаат длабок впечаток каде и да се појават.
„Новинарството е професија што постојано те учи — на истрајност, љубопитност и на почит кон вистинската приказна, онаа што секогаш носи поука и знаење. Благодарение на оваа работа, имаш прилика да запознаваш многу луѓе, а понекогаш создаваш и пријателства што траат. Така се роди и нашето, пред две децении. Се запознавме случајно и тоа службено. Многу брзо почнавме да се дружиме, сосема спонтано, па станавме речиси неразделни. Сузе беше со мене во најубавите, но и во најтешките моменти. Ги знае сите мои тајни. Ние сме како сестри. И кога не се гледаме често, телефоните ја чуваат нашата врска“, споделува Вики.
Во медиумската заедница, Вики и Сузана се препознатливи по својот одмерен и беспрекорен професионален пристап, како и по стилот кој никогаш не е наметнат, туку природно елегантен. Секогаш негувани и со впечатлива елеганција, тие покажуваат дека женственоста, професионалноста и личниот стил, не се спротивставени, туку напротив, може совршено да се надополнуваат.
Колегите ги опишуваат како посветени и одговорни— жени кои никогаш не прават компромис кога станува збор за квалитетот. „Работата бара целосна концентрација, посветеност и љубов кон тоа што го правиш“, велат и двете едногласно.
Надвор од работната атмосфера, двете пријателки се љубители на урбаните места каде што се спојуваат вкусната храна, добрата атмосфера и пријатниот разговор. Често може да ги видите во простори што нудат модерен дух и внимателно уреден амбиент, места како Ботаника Урбана Кафана, каде што времето поминува незабележливо, а секое дружење станува мал ритуал.

Приказната за Вики Чадиковска и Сузана Блажевска е потсетник дека вистинските вредности — професионалноста, искреноста и автентичноста — секогаш се препознаваат. Тие се пример за современата жена: компетентна, посветена, стилска, но и доволно своја за да го зачува личниот баланс и интегритет.



