Стара е 800.000 години, има тунели и премини и не ја изградиле Египќаните – шокантно откритие на научник за чуварот на Големите пирамиди

loading...

Оваа неверојатна, древна градба, која е висока 20 метри и 57 метри долга го пртставува гордиот “чувар’ на Големата пирамида и нејзините следбеници во Гиза.

Постојат многу енигми околу сфингите, а истражувачите немаат поим кој ја изградил Сфингата, кога, (иако постои студија која сугерира дека е изградена пред повеќе од 800.000 години), поради што е изградена, ниту пак еспертите знаат колку требало за да ја исполнат, а една од најтаинствените карактеристики на сфингата е оригиналното лице и необичната величина на главата во споредба со телото.

Но, што всушност знаеме за сфингата?

За почеток, големата сфинга во Египет се смета за една од најголемите статуи на светот и околу 200 тони камења се извадени во фазата на изградување за да се изгради храмот покрај него.

Во далечното минато, сфингата била покриена со песок и дури во 1905-та година кога песокот бил отстранет се открило целото тело на сфингата. Вистинскиот градител на оваа прекрасна сфинга не е познат, но многу од научниците сметаат дека тоа го направил фараонот Кхафре за време на 4-та династија.

Меѓутоа, археолошките и геолошките истражувања сугерираат дека сфингата е многу постара од 4-та династија.

Студијата претставена на Меѓународната конференција за геоархеологија одржана во Софија со наслов „Геолошки аспект на проблемите на датите на големите египетски конструкции“ на авторите Маничев Вјачеслав I и Александер Г. Паркхоменко, предложуваат дека сфингата е стара околу 800.000 години.

Големата сфинга во Египет, заедно со големата пирамида се само некои од конструкциите на древниот Египет кои немаат натписи, ниту еден симбол на сфинга. Сфингата станала симбол во Новото кралство. Фараонот Аменхотеп II изградил храм од цигли североисточно од сфингите, додека пак Рамзес II кој се смета за еден од најплодните градители од древното кралство, помеѓу изградил гранитен олтар.

Прво се сметало дека сфингата го загубила носот од луѓето на Наполеон, но цртежот од 18-от век открива дека носот на сфингата исчезнал пред доаѓањето на Наполеон, а се верува дека Турците пукале во носот на сфингата.

Меѓутоа, вистината позади носот кој недостасува и необичната големина на главата на сфингата, во однос на нејзиното тело, останува вистинска мистерија.

Кој и да ја изградил сфингата, сакал да биде складна. Сфингата е ориентирана кон истокот кон изгревањето на сонцето во близинана 30 паралели. Постојат три премини во сфингата, а „Гробницата на Озирис“ е едно од најневеројатните откритија кои се поврзани со сфингата која се наоѓа на 95 стапки под површината на грбот од сфингата. Се верува дека тоа е местото за одмор на египетскиот бог Озирис.

Според Грахам Хенкоку, компјутерската симулација покажува дека во 10.500-та година п.н.е. соѕвездието Лава го држело сонцето на пролетна рамноденица.

Тоа значи дека лавјата Сфинга со својата источна ориентација гледала директно на една од констелациите на небото која разумно можела да се смета за “сопствен небесен колега“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Translate »