Брзите кредити сè поприфатливи за граѓаните, ги избираат едноставноста и брзината

Итните потреби за средства граѓаните сè повеќе ги покриваат со позајмување од финансиските друштва. Над 120 илјади корисници ја препознале предноста и им ја дале довербата на финансиските друштва што нудат брзи кредити за клиентите. Најчеста сума што ја барале е до 30 илјади денари, а каматата што ја нудат финансиските друштва е до пет проценти. Корисници се оние на кои им требаат итно средства и немаат време да ги бараат по традиционалните канали во банките.

– Пристап до услугите 24/7, најповолни услови за микрокредитирање без дополнителни трошоци, минимум потребна документација, брз и лесен начин на аплицирање, транспарентност во работењето, односно немање скриени трошоци, широка мрежа партнери каде што може да се купува преку, присутно со експозитури во поголемите градови, ги наведуваат од Иуте кредит како предности зошто граѓаните избрале да бидат нивни клиенти и да ги користат нивните услуги.

Забележуваат дека има пораст на издадени кредити за 100 проценти во однос на претходната година и оти се зголемува довербата на граѓаните кон нивните услуги поради транспарентниот начин на работење и оправданоста на трошокот со брзината на услугата.

Истакнуваат дека најбарани се кредитите меѓу 3.000 и 100.000 денари и наменските кредити за купување на 24 рати, а меѓу корисниците се сите што имаат итна потреба од финансиски средства, а притоа ја имаат увидено предноста од брзината и комфорот во услугите споредено со онаа на традиционалните финансиски институции.

Аплицирањето е брзо, електронски, само со податоци од лична карта, а одобрувањето е веднаш, можност за аплицирање има и во експозитурите на финансиските друштва.

Нудат кеш-кредити и до 100.000 денари, наменски до 120.000 денари и автомобилски до еден милион денари. На граѓаните им нудат и можност за рефинансирање. Кредити даваат за граѓани од 18 до 75-годишна возраст.

Граѓаните многу често на овие кредити гледаа со недовеба бидејќи сметаа дека имаат големи трошоци, меѓутоа од април годинава со законско решение се утврдени максималните трошоци, односно се ограничи годишната стапка на вкупни трошоци за подигнат кредит, односно вкупниот износ што барателот на кредит го враќа при истекот на периодот на отплата.

– Со ваквата регулација барателите на кредит во Иуте кредит ќе можат да уживаат значително поповолни услови без високи административни трошоци, трошоци за одобрување или какви било други скриени трошоци.

Примарната цел на финансиските друштва уште од нивното формирање во 2010 година е тие да бидат во функција на дополнување на традиционалниот финансиски систем и да нудат услуги, пред сè, за неуслуженото население на кое, од различни причини, традиционалните финансиски услуги не му се достапни.

Во земјава работат 26 финансиски друштва. Оценуваат дека довербата од граѓаните кон нив се зголемува, но оти е потреба и континуирана финансиска едукација на населението. Дел од нив се организирани и во Асоцијација на финансиски друштва, кои имаат кодекс за добра практика преку кој обезбедуваат дополнителни мерки за заштита на потрошувачите.

Translate »