Сопругот на Џенифер Анистон, имал љубовница
Изгледа вина за разводот на Џенифер Анистон има колешка на неговиот сопруг. Светот уште не може да поверува во веста дека популарните актери одлучиле да стават точка на својот брак, а тие во заедничко соопштение за медиумите, истакнаа дека заедно ја донеле оваа важна одлука, пишува Glossy.
-Одлуката е заедничка, и донесена со многоу љубов-објаснија Џенифер и Џастин, додавајќи дека остануваат најдобри пријатели.
Сепак, јавноста веднаш почна да шпекулира дали некој од нив двајца бил неверен и дали во сето тоа има врска Бред Пит поранешниот сопруг на Џенифер Анистон.
Судејќи според пишувањата на медиумите, Џастин бил тој кој ја нарушил брачната идила, и тоа зближувајќи се премногу со една негова колешка на која никој не се сомневал…
Како пишуваат светските медиуми, срцето на Џастин наводно го украла Наоми Вотс, британската актерка и продуцентка со која тој соработувал уште пред 17 години на снимањето на филмот “Mullholland drive”.
Русокосата актерка, која со години живее во Њујорк – каде Џастин се повеќе престојува во изминатите месеци, 12 години била во врска со колегата Лив Шрајбер, со кој добила две деца – синовите Александар и Семјуел. Сепак тие во 2016-та година соопштија дека се разделуваат, а Наоми од тогаш не сме ја виделе во прегратка на друг.