Никос Коѕијас се подготвува да дојде во Македонија
Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, до крајот на оваа недела ќе ја посети Македонија со цел да ја достави нацрт-спогодбата за името. Ова го објавија и грчките медиуми. Според грчката телевизија „Алфа“, Коѕијас ќе допатува со првиот лет од Атина за Скопје, кој ќе биде прв по повеќе години. Компанијата Aegean airlines во октомври минатата година официјално најави дека една од новите дестинации кои ќе ги воведе е и директен лет до Скопје. Но, не е исклучена можноста грчкиот дипломат да допатува и со владин авион.
Коѕијас на средба со државниот врв во Македонија ќе го соопшти и официјалниот предлог за решение со името. Најавата дека Коѕијас ќе ја посети Македонија со цел доставување на нацрт-планот беше претходно најавено, но сè уште нема потврда од грчката влада, ниту официјална најава. Минатата недела за грчки медиум шефот на грчката дипломатија, прашан дали во Македонија ќе допатува со авион, не даде концизен одговор.