Столтенберг: НАТО ќе ја покани Македонија да стане членка ако се реши името

Ако се реши проблемот, тогаш НАТО ќе ја покани Поранешната југословенска Република Македонија да стане членка на НАТО, изјави  Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.

– Навистина ги поздравувам напорите направени од двете страни, и од Скопје и од Атина, за да се обидат да најдат решение за прашањето за името. Го посетив Скопје пред неколку месеци, исто така разговарав со премерот Ципрас по мојата посета и ја поздравувам силната политичка поддршка за обидите за изнаоѓање решение на ова многу тешко и чувствително прашање. Но, ако прашањето за името се реши, тогаш НАТО ќе ја покани Поранешната југословенска Република Македонија да стане членка на НАТО, рече Столтенберг.

 

Translate »