ВМРО-ДПМНЕ нема да блокираат раскрсници, вечерва на протест пред Министерство за правда
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до медиумите за денеска нема најавено дека ќе блокира раскрсници од 15 до 17 часот, а протестот против притворањето на триесетина лица поради насилствата во Собранието од 27 април е закажан во 18 часот пред Министерството за правда.
Од партијата бараат „безусловно запирање на сите процеси на политичкиот прогон, итно и безусловно стопирање на малтретирањата, теророт и изживувањето кое го прави СДС и итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон“.
„Одлуката на судот со која се потврдуваат притворите за пратениците е срамна и доказ за политички прогон на политичките неистомисленици на власта. Најавата за меѓународна истрага за терористите од Диво Насеље, кои убија 8 припадници на македонската полиција во момент кога се обвинуваат за тероризам актери, уметници и режисери е срамна“, велат од партијата.