Овие 3 напитоци ќе ве “истопат” – за еден месец нема да имате ниту еден грам сало
Здравата исхрана и физичката активност се единствениот пат до витка линија, но на патот на слабеење во голема мера можат да ви помогнат и некои напитоци.
Чаевите од овие билки се моќни согорувачи на масните наслаги и дури и нутриционистите ги препорачуваат.
Доколку сакате да ослабнете, задолжително внесете ги во своето дневно мени.
Магдоносот е природен диуретик кој ќе ви помогне да го исфрлите вишокот вода. Тој помага и при варењето и со тоа ја намалува надуеноста, а супстанцата наречена еугенол помага во одржување на стабилното ниво на шеќер во крвта.
Рузмаринот е полн со антиоксиданси кои имаат антивоспалителни дејства, а помагаат да се намали нивото на шеќер во крвта. Рузмаринот содржи карнозинска киселина која е голем и значаен борец против килограмите.
Со мирисот на нане секојдневно се среќаваме, но можеби не сте знаеле дека оваа билка го намалува апетитот. Затоа, следен пат кога не сте сигурни дали навистина сте гладни или едноставно ви е здодевно, вдишете есенцијално масло од нане или испијте шолја чај. Покрај тоа, листовите од нане помагаат во варењето и намалувањето на гасовите.