Застрелана новинарка во Подгодица пред својот дом

Новинарка на црногорскиот дневен весник „Вијести“, Оливера Лакиќ синоќа беше застрелана пред својот дом во Подгорица во Црна Гора.

Лакиќ е надвор од  животна опасност,  хоспитализирана  е со прострелна рана во потколеницата.

Главниот и одговорен уредник на „Вијести“, Михајло Јововиќ изјави дека на Лакиќ и пришол човек и и пукал во нога, а потоа таа видела како бегаат две лица.

– Немам зборови… До кога ова ќе се случува во нашата прекрасна Црна Гора!? Ниту еден напад врз Оливера Лакиќ досега не е решен. Многу приказни за кои пишуваше, а што укажуваат на криминал не се истражени. До кога да се плашиме од вакви кукавици, истакна Јововиќ.

Новинарката Лакиќ беше нападната и пред шест години, исто така пред зградата во која живее, по серијата текстови за нелегалното производство на цигари во некогашната фабрика во близина на Мојковaц. Но, се уште не е откриен мотивот за тој напад.

Црногорската полиција вети дека ќе го открие сторителот на нападoт и ќе го изведе пред правдата.

 

Translate »