Нов опасен „Јутјуб“ предизвик што може да убие

Не стивнува популарноста на „Јутјуб“ видеата што ги предизвикуваат младите на неразумни постапки, ризични за нивното здравје и живот.

По неколку интернет-предизвици кои резултираа со бројни сериозни повреди и згаснати млади животи, како што беше, на пример, „екстремно селфи“, на самиот почеток на годинава се појави и предизвик инспириран од новиот хорор-филм „Bird Box“.

Во него, Сандра Булок глуми мајка на две деца, која заедно со нив треба со врзани очи да пропатува одредено растојание, а да не го видат суштеството што ги тера луѓето на самоубиство.

Идејата да се мине од една точка до друга, вклучувајќи и задачи како онаа – да се премине улица со врзани очи, е основа за новиот предизвик.

Противниците на овие предизвици го посочуваат фактот дека во речиси секој од претходните вакви ризични потфати имаше повредени и/или загинати млади луѓе. 

Извор: МИА

Translate »