Навални објави снимка од „Палатата на Путин“ вредна милијарда евра
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални беше уапсен во неделата по враќањето во Москва и одреден му е притвор до 30 дена, но и додека е зад решетки, продолжува со критиките упатени до Кремљ.
Иако е зад решетки, тоа не го спречува Навални да ги нападне руските власти, првенствено претседателот Владимир Путин. Навални објави снимки од истрагата за изградбата и наводниот фонд кој стои зад „Палатата на Путин“, приватна резиденција од една милијарда евра на брегот на Црното море.
Нарекувајќи ја „Најголемата тајна на Путин“, Навални и неговиот тим откриваат нови детали за грандиозниот комплекс во близина на градот Геленџик за кој се шпекулира дека му припаѓа на рускиот претседател.
Комплексот е снимен од воздух со дрон, а Навални открива дека е 39 пати поголем од Монако. На снимката може да се види и подземен комплекс за хокеј на мраз, стакленик од 2,500 квадратни метри и подземен тунел кој води до Црното море.