Грци запалија албански туристички автобус

loading...

Непознати сторители во Грција запалија абански автобус за превоз на туристи, паркиран во близина на плоштадот Караискаки во Пиреа, непосредно пред пет часот изутрина, објави АНА-МПА.

Две противпожарни возила и шест пожарникари реагираа на повикот и го изгасија огнот, но автобусот беше целосно уништен.

Се верува дека пожарот е подметнат од грчки националисти.

Translate »