Ова се најголемите губитници и добитници во пандемијата
Пандемијата на коронавирусот буквално го забави светот, ги затвори луѓето дома, го сопре начинот на живот на кој сме навикнати и не потсети уште еднаш на тоа колку сме мали и немоќни пред “невидливиот непријател”.
На ситуацијата која не снајде и промените кои уследиле ретко кој бил подготвен.
Многумина предвидуваат дека моменталната глобална состојба, поттикната од пандемијата на COVID-19, исто така ќе биде вброена во историски светски настани како Големата депресија и глобалната финансиска криза од 2008-та година, поради што секако е оправдан стравот од социјалните и економски промени кои не чекаат.
Ширум светот научниците се борат да пронајдат лек за болеста Covid-19, но се поставува прашањето – што не чека во моментот кога конечно ќе го победиме опасниот вирус и се соочиме со светот кој го “ставивме на чекање”.
Изолацијата во домовите и затворените продавници резултирале со зголемен интерес за он-лајн и бесконтактно купување, па затоа се предвидува дека, барем краткорочно победници во оваа ситуација би требало да бидат оние кои пружаат услуги и стока без потреба да стапат во физички контакт со своите купувачи.
Победници во оваа категорија секако би можеле да бидат и давачите на услуги со “cloud computing” како “Zuma”, “Microsoft” и останатите компании за виртуелна реалност како “Netflix”. Сообраќајот на социјалните мрежи ќе порасне, но приходите од огласување ќе трпат поради слабата побарувачка и нарушената економија.
Во краток рок, би можеле да се издигнат и оние кои нудат услуги за е-купување како и достава на храна и основни потрепштини. А кога економијата на крајот ќе се подобри, позитивните ефекти за оваа група во главно ќе потраат благодарение на дотогаш веќе вкоренетите навики на купувачите.
Технологијата за работа од далеку сега е поприлично унапредена, па на работниците, но и на работодавците им е овозможено квалитетно вршење на работата и комуницирање преку он-лајн платформи, па не би било изненадување овој стил на работа да стане и примарен. Од друга страна, тоа би можело да предизвика и сериозен удар на пазарот со деловни недвижнини, со оглед на тоа дека многу сектори би можеле да имаат квантитативно помала потреба за физички работни места.
Начинот на работа од дома исто така би можел да доведе до егзодус на работниците од големите градови и до нивно преселување во помалку населени подрачја со пониски трошоци за живот.
Бројни компании, за да ја преживеат економската и финансиска криза, ќе мора да отпуштат одреден број на работници и да го автоматизираат тоа што може да се автоматизира – но таков облик на работа претпоставува и бројни знаења со кои работодавците и работниците ќе мора да располагаат во новата економија по кризата.
Долгорочно гледано, голем број на компании би можеле да увидат дека работите кои се вршат од далеку може да ги вршат и високо квалификувани работници во земјата со пониски трошоци. На кратко, работите прво ќе се преместат од работни во домашни услови, а со време ќе се префрлат и од далечните домашни позиции на далечни прекуморски.
По излегувањето од кризата, и медицината која што ја познаваме ќе се промени. Телемедицината исто така би можела да стане нов нормален стандард. Лекарите во САД веќе сега вршат далечински посети преку државни линии, можат да праќаат е-пошта и да вршат видео-повици со пациенти.
Давачите на здравствено осигурување сега мора да ги плаќаат услугите за телемедицина. Иако овие мерки се најавени како привремени, оние кои сега имале искуства од прва рака со погодностите и економичноста на телемедицината, нема лесно да се откажат од неа.
Телемедицината ќе се подобри и ќе се прошири – подобри тестирања и дијагнози од дома со сеприсутното усвојување на носиви производи кои континуирано ја следат појавата на симптомите.
Пандемијата принудила и бројни универзитети да ја продолжат наставата во он-лајн формат, а ако продолжи овој стил на предавање, студентите би можеле на есен да се запрашаат – колку воопшто има смисла да се плаќа академска година и студентски живот во друг град.
Универзитетите во тој случај би се соочиле со притисокот како да ги намалат трошоците па можен излез би можеле да пронајдат во хибриден модел на настава, која фронталната настава ја сведува на он-лајн задачи. Тоа драматично ќе ги намали трошоците, а истовремено на најдобрите инструктори ќе им овозможи своето знаење да го насочат на повеќе ученици.
По завршувањето на пандемијата, се предвидува дека луѓето, но и стоката, се помалку ќе се движат, што би можело да доведе до пропаѓање на меѓународната трговија. За да ја зголемат својата способност за преживување во текот на подолги периоди на економска самоизолација, владите на многу земји ќе се обидат да ги засилат домашните производни капацитети.
Корпорациите се повеќе ја фаворизираат отпорноста на централизираните домашни ланци на набавка во однос на делотворноста на глобализираните.
Воздухопловните компании, угостителството и туризмот ќе доживеат силен пад во побарувачката во текот, но и непосредно по кризата.
По почетното повлекување од глобализацијата, многу земји би можеле да ги спознаат вистинските технолошки и вирусни закани, поради што излезите од проблемите би можеле да ги побараат во меѓународна соработка. Усвојувајќи го чувството на прагматичен интернационализам, земјите би развиле меѓународни норми, системи за следење и известување, како и координирани планови за реагирање и кризни ситуации.
Координиран глобален договор, во текот на следната пандемија, би направил наредбите за самоизолација да бидат делотворни, а истовремено би се скратиле и економските блокади.