Епидемија на колера, починаа 55 лица
Во епидемијата на колера во Нигер починаа 55 лица, додека неколку илјади лица се заболени, посебно на подрачјето во близина на Нигерија, соопшти Канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања во Нијамеј.
„До 10 септември од колера починаа 55 лица, додека се инфицирани 2.752 лица“, се наведува во соопштението.
Во претходниот извештај со податоци до средината на август, беа починати над 20 лица.
Колера е многу заразна болест, од која може да се умре за неколку часа доколку не биде укажана лекарска помош. Најчесто се јавува во средини каде има лоши хигиенски услови.