Скандалозни нацистички статуи се поставени во Германија
Во центарот на германскиот град Кемниц, поставени биле 10 статуи кои претставуваат волци со една крената шепа која имитира нацистички поздрав, а во знак на протест поради “растечката омраза”, рекле организаторите.
Бронзените фигури веќе биле изложени во Дрезден и во други германски градови.
Десничарските демонстранти наводно го користеле нацистичкиот поздрав и ги прогонувале мигрантите и новинарите.
Организаторите, поставката под име “Волците се вратија”, тврдат дека се заснова на фактот дека некогаш нацистите, а денес десничарските радикали себеси се опишуваат како “волци”.
Автор на волците е Рајнер Ополка, а истите денес ќе бидат изложени пред статуата на Карл Маркс, заедно со натписи во кои десничарите се обвинуваат за “користење на стравот”, а десничарскиот радикализам се опишува како “мајка на сите проблеми”.
Некои од фигурите се подготвени за напад, а кај некои има и превез преку очите.
Овие статуи претходно биле изложени пред зградата на судот во Минхен во време на процесот против Беата Чепе, членка на неонацистите, која е прогласена за виновна за 10 расистички мотивирани убиства, како и во Берлин и во Дрезден.