Драматичен раст на бројот на заболени од коронавирус: Во Индија за 24 часа 63.509, во Бразил 10.220 нови случаи

Во Индија во последните 24 часа се регистрирани 63.509 заразени, соопштило министерството за здравје.

Од последниот просек починале уште 730 лица како последица од коронавирусот, пренесува „Ројтерс“.

Вкупно во Индија се заразени повеќе од 7,2 милиони луѓе, а починале 110.586.

Индија надмина 7 милиони заболени во неделата, а за само 13 дена бројот на заразени пораснал за милион.

Индија е земја во која, после САД – каде заболеле речиси 8 милиони луѓе, има најмногу заразени на светот.

Бразил

Во Бразил во вторникот се регистрирани 10.220 новозаболени од Ковид-19 и 309 починати, соопштило бразилското министерство за здравје.

Како што пренесува „Ројтерс“, вкупно досега се регистрирани 5.113.628 заболени. Починале 150.998 луѓе.

Германија

Бројот на потврдени случаи со коронавирус во Германија пораснал во последните 24 часа за 5.132, соопштиле од Институтот за заразни болести „Роберт Кох“.

Од последниот просек, како што пренесува утрово агенцијата „Ројтерс“, починале 40 лица како последица од коронавирусот.

Вкупно од почетокот на пандемијата во Германија се заразени 33.585, а починале 9.677 лица. 

Translate »