Монтажната болница до Инфективната клиникае скоро полна, се бараат локации за нови болнички легла

Монтажната болница до Инфективната клиника е скоро полна со болни, па сега новите пациенти ќе се примаат на Клиниката за неврологија и Кожна клиника, а дополнителни болнички легла треба да обезбедат и интерните клиники, пишува СДК.МК.

Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека по зголемениот број на нови позитивни случаи, граѓаните можат да бидат спокојни, болнички кревети има сосема доволно, а целиот Клинички центар е во ситуација на мобилизација и никој нема да остане без здравствена нега.

Утрово имав состанок со директорите на сите интерни клиники, на списокот на лекари и медицински сестри се сите вработени од клиниките и по потреба ќе работат во дополнителните капацитети. Со оглед на тоа што модуларната болница е скоро исполнета, на располагање се става Институтот за белодробни заболувања, Клиниката за неврологија и Клиниката за дерматологија а дополнителни болнички легла ќе има во рамките на повеќе интерни клиники. Во рамките на другите болници секаде се ослободени интерните одделенија и целосно е ставен кадарот на располагање. Дополнителни легла се спремни и во болницата ‚8 Септември‘. Значи и болнички легла има доволно и кадарот е спремен да работи со пациенти со ковид, рече Филипче по завршување на состанокот на Советот за безбедност во претседателската вила Водно, на кој се разговараше за состојбата со коронавирусот.

Филипче кажа дека 56 интернисти од приватното здравство се спремни да учествуваат во работата во клиниките и болните не само во Скопје туку и низ државата.

Извор: СДК:МК

Translate »