Собранието ќе расправа по барањето за притвор за 6 пратеници
Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги доставил до Комисијата за деловнички и мандантно -имунитетни прашања барањата за одобрување на притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска.
„Ве известуваме дека согласно член 53 став 5 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, ги достави до комисијата за деловнички и мандантно -имунитетни прашања барањата за одобрување на притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска поднесени од Основен суд Скопје I Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција IV KOK.ПП. бр.384/17 од 28.11.2017 година“, пишува во соопштението од Собранието.
Предлог одлуката зја доставув, Али Ахмети.
Комисијата за деловнички и мандантно -имунитетни прашања ќе се одржи утре во 12 часот, потврди за МИА пртеседателот на Комисијата Павле Богоевски.