Колку се казните за неносење маска!

Се дозна колку ќе тежат казните доколку граѓаните не носат маски, или за компаниите кои нив нема да им ги обезбедат на работниците за заштита од коронавирусот. 

Имено, за физичките лица казната за неносење маска е 20 евра, додека таа изнесува 2.000 евра за домашни и странски фирми кои не обезбедиле заштитни маски за вработените заради заштита од коронавирусот.

Ова е наведено во Уредбата која вчера ја донела Владата, а која излезе во службен Службен весник и од денеска стапува на сила.

„Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое одговорно лице во правното лице ако постапува спротивно на одредбите за обезбедување на заштитина опрема на вработените“, стои во Уредбата.

Личната заштитна опрема за покривање на носот и устата може да биде респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна или свилена марама или шал, бандана и слично.

Секој граѓанин треба да носи лична заштита на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично).

Маски и друга заштита не мора да носат што носат посебна лича заштита при работата, престојува во двор на станбена семејна куќа, вози велосипед или спортува на отворено како индивидуални спортски активности, патува во патничко моторно возило со лица со кои што лицето живее во заедница или домаќинство или се движи на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално растојание од најмалку два метрa од друго лице.

Translate »