Полицискиот час ќе почнува од 19 часот, во сабота од 13 часот

Нашата земја успешно го амортизира ширењето на епидемијата. Министерот Венко Филипче денеска соопшт дека бројот на заболени се движи линеарно, и поради тоа на владата ќе и ги достават предлог мерките да се скрати полицискиот час, односно за благо олабавување на рестрикциите. Полицискиот час да почнува од 19 часот и да трае до 5 часот наредниот ден, со цел граѓаните да можат полесно и без притисок да ги набавуваат намирниците. Скартен ќе биде и полицискиот час за време на викендот и ќе почнува во сабота во 13 часот и ќе трае до понеделник во 5 часот.

За ова олабавување Владата ќе дискутира на утрешната седница, по што тоа ќе и биде соопштено на јавноста.

Идејата е граѓаните да имаат време да ги направат потребните набавки во маркетите

Додека, пак, останува забраната за социјална дистанвца, рече Филипче и потенцираше дека луѓето ќе мора да носат заштитни маски во сите затворени простории, како банки, маркети, пошти, чекалници. Кога ќе се движат на отворено, не мора да се носи заштитна маска, освен кога нема да може да се одржи дистанцата од 2 метра, како на пример на пазарите.

Translate »