Со молба од десетина страници Груевски бара одложување на затворската казна

Со молба повеќе од десетина страници адвокатскиот тим на поранешниот премиер Никола Груевски бара одложување на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот „мерцедес“.

Молбата Груевски да не оди во затвор е архивирана во кривичниот суд и судијата има рок до четврток да одлучи, дали Груевски на 8 ноември ќе оди во „Шутка“ или ќе му даде дополнителни три месеци слобода, објави денеска 1ТВ.

– Не би давал изјава сега. Можеби некој друг ден – кусо рече поранешниот премиер Никола Груевски.

Во Собрание тече постапката за евентуалното одземање на пратеничкиот мандат на Груевски. Првиот човек на законодавниот дом Талат Џафери, веќе му ја испратил пресудата „Тенк“ на претседателот на Комисијата за мандатно имунитетни прашања Павле Богоевски. Тој за 1ТВ вели дека дека ќе го запази рокот од 15 дена за закажување на седницата.

Translate »