Убивал носејќи го симболот на „Црното сонце“: Еве што значи симболот кој го користеше масовниот убиец во Нов Зеланд
28-годишниот Брентон Тарант кој усмрти десетици муслимани во напади на две џамии во Нов Зеланд, на својата униформа и на првата страна од неговиот манифест го користеше озлогласениот симбол на „Црното сонце“.
Станува збор за симбол кој што и денес претставува голема мистерија и се поврзува со бројни тајни организации, а најчесто го користат екстремните десничари, нацистите, но и сатанистите.
Тој знак според некои тврдења се користи уште од настанувањето на цивилизацијата, но најмногу го користеле нацистите, односно припадниците на озлогласената „СС“ дивизија на нацистичка Германија. Овој симбол бил исцртан на подот на големата сала во Северната кула во замокот Вевелсбург во Германија, кој што на некој начин бил седиште на првиот човек на „СС“, Хајнрих Химлер.
Црното сонце ја симболизира напредната ариевска раса, а убиецот од Крајстчерч е нацист. Црното сонце е симбол кој го претставува Анти-имеријализмот, борбата за животна средина, одговорни пазари, ред и закон, етничка автономија, заштита на културното наследство, борба за правата на работниците и слично.
Брентон на сослушувањето после апсењето, се појави во судницата покажувајќи го со прстите симболот “White power, White supremacy”, а во својот манифест нагласил дека планирал да поведе војна против муслиманите.
Во меѓувреме, премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави дека во нејзиниот кабинет во петокот, точно девет минути пред нападот, по пошта стигнал манифестот на Тарант кој на првата страница го имал симболот на Црното сонце.