Земја во која вашите работодавци ве тераат да го живеете животот и да патувате
Додека во Македонија и останатите земји едвај се добиваат две недели одмор за патување, Австралијанците знаат како да живеат.
Имено, компанијата “Ernst & Young” им понудила на своите вработени 6 до 12 недели одмор “за живот”. Но, што значи тоа?
Времето кое компанијата ви го нуди можете да го искористите за патување, извршување на некоја друга работа или едноставно одмарање во топлината на сопствениот дом. Компанијата исто така им понудила на своите вработени кои имаат деца да ги искористат распустите и празниците за да поминат повеќе време со семејството или, како алтернатива, три месеци да работат со скратено работно време.
Како што проценуваат од “Ernst & Young”, вработените на кои им е дозволен поголем одмор, 11 отсто подобро ги завршуваат своите работни задачи.