Независната пратеничка група бара лекари во понеделник да ги тестираат пратениците за дрога

Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ најави дека денеска ќе поднесе иницијатива до Собранието сите пратеници доброволно да направат тест за употреба на наркотични средства.

„Бараме Собранието во понеделник да овозможи услови и лекарски тим кој ќе може ова да го спроведе“, велат од Независната пратеничка група.

Воедно, предлагаат и другите политичари, актуелни и поранешни функционери, аднинистративни службеници, судии, обвинители, градоначалници и советници да се приклучат за да им дадат добар пример на граѓаните во борбата против (зло)употребата на наркотични средства.

„Ги поттикнуваме сите вршители на јавни функции да го направат истото доброволно. Нашето мото е: Конкретни предлози и чекори за позадоволни граѓани“, велат од Независната пратеничка група.

Translate »