СВЕТСКА ВОЈНА ЗА ВАКЦИНА: МАКРОН ЗБЕСНАЛ КОГА ДОЗНАЛ КАКВА НАМЕРА ИМА ФРАНЦУСКИ ФАРМАЦЕВТСКИ ГИГАНТ

Вакцината против коронавирусот сè уште не е направена, и таа веќе ги скара светските сили и направи вистинска светска војна за вакцината. Една од компаниите што работи на развој на вакцината, францускиот фармацевтски гигант „Sanofi“, објави дека Американците ќе имаат приоритет да ги купат првите дози, што ја налути француската јавност, но и претседателот Емануел Макрон.

„Соединетите држави ризикуваа да го финансираат развојот на нашата вакцина, и кога некој ќе го стори тоа, тогаш очекуваат да ги добијат првите дози“, рече извршниот директор на „Sanofi“, Пол Хадсон, во разговор со „Блумберг“.

Неговата изјава, наводно, го налутила францускиот претседател Емануел Макрон.

„Вакцината против КОВИД-19 мора да биде заедничко добро и не смееме да зависиме од законите на пазарот“, рече неименуван извор од Елисејската палата, потврдувајќи дека францускиот претседател побарал разговор со управата на „Sanofi“.

Францускиот премиер Едуард Филип на Твитер напиша дека „нееднаквиот пристап до вакцината не е опција“.

Оливие Фор, шеф на француската социјалистичка партија, рече дека „Sanofi“ ризикува да биде национализирана.

Поради лошите критики, „Sanofi“ делумно ја демантираше веста дека има намера да ги продаде првите дози на Американците. Како што беше најавено од таа фармацевтска компанија, дозите произведени во погоните „Sanofi“ во САД ќе бидат наменети за американскиот пазар, а остатокот ќе им се даде на Европа и остатокот од светот.

Трката за вакцина зад сцената предизвика 140 светски шефови на држави и експерти отворено да побараат „народна вакцина“ која би била достапна и бесплатна за сите.

„Никој не смее да бидетурнат на крајот на редот за вакцина на основа на сиромаштија или земјата во која живеат“, рече претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса.

Додека стотици лаборатории ширум светот се зафатени со работа на развој на вакцината, сè повеќе има вакви предупредувања, бидејќи ова не е прва најава дека граѓаните на одредени земји ќе имаат предност. Британската компанија „AstraZeneca“ објави дека Британците ќе имаат приоритет кога станува збор за нивните залихи.

Стравувајќи дека некој може да ја искористи ситуацијата за неправедна предност, Светската здравствена организација објави дека „вакцините му припаѓаат на целиот свет“.

На ранливите групи и медицинскиот персонал треба да им се даде приоритет при примањето на првитете произведени дози, а не на одделните нации.

Америка неодамна објави дека самостојно ќе работи на вакцината. Секоја соработка со странски лаборатории е отфрлена, особено со оние во Кина. Новата вакцина добиена на овој начин првенствено ќе биде достапна за Американците. Брзината на добивање на вакцината ќе биде најважна. Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека 300 милиони дози за сите американски граѓани ќе бидат достапни во јануари 2021 година.

Од друга страна, лабораториите низ целиот свет најавуваат дека вакцината би можела да биде подготвена за употреба за 12 до 18 месеци.

Translate »