ФИЛИПЧЕ: кафулињата и рестораните ќе се отворат кон крајот на следната недела
Министерот за здравство, Венко Филипче воинтервју за „Сител“ ТВ изјави дека првите кафулиња и ресторани ќе се отворат кон крајот на следната недела.
„На почетокот на неделата сакаме да укажеме кои се принципите што треба да се почитуваат, за во мометот кога тие ќе почнат со работа, да знаат како да се вратат во функција“, изјави министерот.
Голем број на локали веќе одреден период се подготвуваат за отворањето, применувајќи ги мерките за дезинфекција и оддалечност на местата за седење.Сподели