Славески во интервју за Фокус: „Скопје 2014“ предизвика штета и на државата и на ВМРО-ДПМНЕ!
Во интервју за најновиот број на неделникот Фокус, универзитетскиот професор Трајко Славески говори за економските политики на сите влади од 1990 година досега, за неговите партиски и политички ангажмани, како и за искуството како министер за финансии во владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски од 2006 година се до неговото разрешување до 2009 година.
ФОКУС По вашето заминување во 2009-та, економската политика на Груевски се повеќе е во насока на популизам. Кои беа причините за тоа и дали ДПМНЕ изгоре во тој, според многумина, антидржавен процес?
СЛАВЕСКИ Точно е дека порасна популизмот и во економските политики во годините по 2009. Јас не би го поврзувал овој развој на настаните со моето заминување, затоа што веројатно не би можел да ја спречам лавината што беше почнала да се тркала. Мене и додека бев член на владата, а и подоцна како граѓанин, ми пречеа неколку чекори и процеси кои воопшто не биле дискутирани во раководните тела на партијата пред преземањето на власта во 2006 година, ниту подоцна. Тука би го навел т.н. проект „Скопје 2014“, каде што амбициите растеа во од и зафатија значителни средства од државниот буџет во период од неколку години. Дополнително, ја зголемија поделеноста во општеството, а оние објекти кои беа од т.н антиквизација наидоа на неодобрување кај нашите партнери надвор и на остра осуда од грчка страна, без да ја постигнат целта, која морам да признаам, никогаш не сум ја дознал, односно разбрал. Сепак, мислам дека е пресилно да се окарактеризира ваквиот пристап во водењето на политика како антидржавен! Но, очигледно беше предизвикана штета и на државата и на ВМРО-ДПМНЕ.
Целото интервју на овој линк.