(ВИДЕО) Во Чикаго стаклен балкон почна да пука под нозете на посетителите

Стаклениот балкон на највисоката зграда во Чикаго напукна под нозете на посетителите.

Инцидентот се случил во почетокот на неделава на 103-тиот кат на зградата каде се наоѓа опсерваторијата Skydeck од каде посетителите може да го видат целиот град и езерото Мичиген.

„Тогаш на балконот имаше жена и две деца и беа пребледени и преплашени бидејќи подот под нив почна да пука“, рече Хесус Пинтадо кој објави видеоснимка од местото на настанот.


Ова предизвика страв кај луѓето. 

https://www.facebook.com/jesus.pc.56/videos/2190639557652234/?t=1

Translate »