Денес излегуваат од притвор Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, Цветан Панделески и други познати личности
Во текот на денешниот ден од притвор со одлука на судија од скопска единица ќе излезат Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, Цветан Панделески и други познати политички и бизнис личности кои последните два месеци по барање на СЈО завршија во затворот “Скопје”.
Дел од роднините на притворените со кои контактирале од Судство.мк ја потврдуваат оваа вест.
СЈО во средата попладне предложило ублажување на мерката притвор, во куќен притвор, во мислењето што го испратило до двата суда. Според адвокатите, но и извори од СЈО, пуштањето од притвор би требало да почне од денеска, заклучно со 31 декември.
Дали повторно станува збор за политички дил или нешто друго допрва ќе се знае, но единствено Сашо Мијалков има поднесено жалба за притворот .Мијалков понуди гаранција од милион евра.
Орце Камчев има жалба на притворот поднесено со гаранција од 14.800.000 евра и пред Основниот суд Скопје 1, и пред Апелациониот суд Скопје.
Според адвокатите, но и извори од СЈО, пуштањето од притвор би требало да почне од денеска, заклучно со 31 декември.
Останува нејасно дали судовите при носењето на одлуките, ќе ги прифатат гаранциите што ги имаа понудено осомничените во „Империја“ и во „Титаник“.
Според пишувањето на повеќе портали, причиата за новиот развој на настаните и пуштањето на затворениците, правно, било на абрање на СЈО кои предложиле ублажување на мерката и замена со куќен притвор.
Бидејќи адресата на живеење на Мијалков е хотелот „Мериот“, веројатно куќниот притворот за него ќе биде атрактивниот хотел во центарот на Скопје.