„Паразит“ собра оскари за најдобар филм, режија и оригинално сценарио
Јужнокорејскиот филм „Паразит“ (Parasite) е добитник на три оскари – најдобар филм, најдобра режија и оригинално сценарио.
Според извештаите, ова е прв пат не-англикси филм што освоил „Оскар“ за најдобар филм, а исто така и првпат еден азиски победник да ја добие престижната награда за најдоброто оригинално сценарио.
Во својот говор откако му беше доделен „Оскар“ за Оригинално сценарио, режисерот Бонг Џун-хо ја поздрави својата победа како посебна за неговата матична земја Јужна Кореја.
Бонг и Хан-џин одржаа кратки говори, во кои зборуваа и англиски и на нивниот мајчин јазик со преведувач.
Бонг рече: „Благодарам, голема е честа. Пишувањето сценариото е секогаш осамен процес, ние никогаш не пишуваме да ја претставуваме нашата земја… Но, ова е многу лично за Јужна Кореја, благодарам.“