Времето драстично се менува! Од петок студен бран!

Темепратурни промени не очекуваат во текот на викендот. . Во петок кон крајот на денот ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе продолжи и во сабота и ќе услови значително опаѓање на температурата во наредните денови. Во сабота и недела ќе има локален дожд, но без грмежи, а од понеделник се очекува пооблачно време со пообилни врнежи од дожд.

За денеска метеоролозите предвидуваат  сончево  време со мала до умерена облачност. Во западните делови значително облачно, попладне со појава на пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 19, а  дневната од 21 до 34 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

 

Translate »