Министерство за животна средина: Не палете бадникови огнови, да не се загадува воздухот уште повеќе
Министерството за животна средина и просторно планирање денеска преку соопштение упати апел до граѓаните на Република Македонија да се воздржат од палењето на бадникови огнови на отворено, со цел да се избегне дополнителното загадување на амбиенталниот воздух.
Исто така, од Министерството ја поздравуваат одлуката на Град Скопје и скопските општини да не донираат дрва за бадниковите огнови и во исто време апелираат до другите општини во државата да се приклучат кон оваа иницијатива.