Алими: Обложувалниците служат да се крадат граѓаните, да стануваат се посиромашни
Пратеничката група на ДУИ поднесоа нова иницијатива со која бараат обложувалниците да бидат дислоцирани на најмалку 500 метри од факултетите и училиштата.
Пратеникот од редовите на ДУИ, Ејуп Алими во изјава за „Сител“ вели дека обложувалниците едиствено служат за да се крадат граѓаните за поголем профит на олигарсите и затоа потребно е да бидат подалеку од младата популација.
„Коцкањето создава зависност. Сите обложувалници годишно имаат промет од 300 до 400 милиони евра, што значи во просек по 500 евра годишно троши едно домаќинство во казина и обложувалници. Од нив, 100 милиони завршуваат во буџетот за давачки, а останатите 300 милиони во џебот на олигарсите. За што служат обложувалниците кои ги има на секој чекор? Служат да се крадат граѓаните, да стануваат се посиромашни. На општеството не му носат ништо добро, освен на џебот на олигарсите“, вели Алими.